Екипата на Јехона победнички го започна настапот во Првата лига, на свој терен славеше над Преспа со 25:17, а посебна вест за клубот е враќањето на Стефан Бошковски.
Левиот бек зад себе има суперлигашко искуство. Во сезоната 2021/22 беше меѓу најдобрите играчи во Првата лига и со одличните настапи си обезбеди трансфер во Охрид, а потоа го облече дресот на Аеродром.
По настапите за скопскиот клуб, следуваше кам-бек во неговиот матичен клуб Јехона, но тешката повреда на коленото го натера да ја паузира мината сезона.
Сега, по повеќе од една година надвор од терените, Бошковски се подготвува да се врати како во најдобрите денови и да го даде максимумот.