Стефан Матески и Филип Симоноски од Струга во Мулти Есенс

110

Уште двајца млади и талентирани ракометари од Струга кариерата ќе ја продолжат во таборот на Мулти Есенс. Станува збор за Стефан Матески, кој на Ф4 турнирот во кадетска конкуренција минатата сезона беше прогласен за најдобар пикер, и за Филип Симоноски, кој исто така настапува на истата позиција.

Стефан Матески, помалиот брат на талентот Јулијан Матески, ќе биде дел од младинските категории на Мулти Есенс, а веќе на дуелот од првото коло во кадетската лига против Илинден Вардар се претстави во одлично светло со пет постигнати погодоци.

Филип Симоноски, пак, брат на Кристијан Симоноски кој игра за Алкалоид, беше дел од составот на тимот во премиерното прволигашко коло против Македонија Ѓорче Петров.

И двајцата млади играчи претходно добиваа шанса и во сениорскиот тим на Струга, имаа одлични резултати во младонските категории, а сега ќе имаат можност својата кариера да ја надградат и да се развиваат во системот на Мулти Есенс, клуб познат по работа со млади таленти.

 

Големиот талент Матески ќе игра за прволигашот Мулти Есенс

Најдобриот стрелец и МВП од кадетскиот Ф4 потпиша за Мулти Есенс

 

Немања Џигероски го засилува Мулти Есенс

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT