Вардар се засили со крило од Франција

155

Македонскиот вицепрвак Вардар добива ново име во ростерот за продолжението од натпреварувачката сезона.

Клубот се засили со крило кое ќе ја пополни празнината што се отвори поради повредата на Французинот Кеита Махамаду. Левото крило мораше да замине на операција на рамото и ќе отсуствува подолг период од ракометните терени.

Неговата замена исто така доаѓа од Франција, станува збор за 28-годишниот Жуниор Тузолана, играч со големо искуство позади себе, пренесува порталот Gol.mk.

Тузолана последните четири сезони беше дел од Сесон-Рен, претходно играше за Понтаул и Истр, а во сезоната 2017/18 настапуваше за Нант, каде што беше соиграч со актуелниот селектор на Македонија и тренер на Алкалоид, Кирил Лазаров.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT