Кадетите на Вардар славеа на гостувањето кај Радовиш со 40:20 во натпревар од 2. коло од кадетската машка лига и сега имаат „два од два“.
Избраниците на Ристе Тасески и Даниела Тасеска одиграа според планираното, победата ја обезбедија уште по првите 30 минути, а во вториот дел не попуштија ни за момент.
Одличен на голот кај Вардар беше Алекс Трајановски, кој забележа 15 одбрани за 30 минути. Најефикасен во победничкиот тим беше Давор Мечкароски со шест погодоци, а по пет имаа Тео Радуловиќ и Филип Велковски.
Прв стрелец во тимот на Радовиш беше Давид Ѓоргиев со осум погодоци.
Кадетска машка лига, 2. коло, резултати:
Група А
Младост Богданци – Текстилец 34:32 (15:12)
Вардар Илинден – Еурофарм Пелистер 2 24:25 (11:14)
Радовиш – Вардар 20:40 (11:20)
23/09, 15:30, Овче Поле – Мулти Есенс
Група Б
Преспа – Еурофарм Пелистер 22:32 (10:15)
Алкалоид – Охрид 23:20 (11:7)
Пролет – Македонија Ѓорче Петров 37:27 (20:11)
Струга – Прилеп 32:36 (18:19)