Еден од поталентираните кошаркари во Македонија, 15-годишниот Дион Шабани, кој со Македонија настапи на Европското кадетско првенство Б-дивизија ова лето во Скопје, а исто така беше дел и од репрезентацијата на Европскиот Младински Олимписки Фестивал (ЕМОФ) во Куманово, одлучи да се проба во странство.
Талентот од Калишта, Струга, продолжува во Шпанија, поточно во Академијата на градот Бадахоз (City of Badajoz Academy – CBA), која е позната по развој на млади кошаркари.
Во академијата посебен акцент се става на физичката подготовка, техника, тактика и психолошка поддршка, па така стружанецот ќе има многу работи за учење.
Шабани пред една година, на натпревар од пионерската лига против Работнички, постави нов рекорд во македонската кошарка постигнувајќи 110 поени, без ниту една постигната тројка.
Импресиевн натпревар имаше и во 2023 година, кога против Феникс постигна 88 поени во победата на Црн Дрим (94-90) во истата категорија. И на тој натпревар талентот до поените дојде без ниту една тројка, што е неверојатно во модерната кошарка.