Никола Бисинов ќе ги предводи кадетите на Овче Поле

636

Еден од најискусните тренери, велешанецот Никола Бисинов, во продолжението од сезоната ќе го предводи кадетскиот тим на прволигашот Овче Поле.

Клубот од Свети Николе оваа година, покрај настапите во Првата лига со сениорите, учествува и во кадетската конкуренција, а токму Бисинов ќе биде задолжен за развојот и напредокот на младите играчи.

Искусниот стратег е препознатлив по успешната работа со младински категории – во сезоната 2021/22 со неговиот клуб „РК Бисинов“ го освои пионерското првенство, а две сезони подоцна, без загубен бод, го однесе клубот во македонската елита.

Во својата богата кариера оставил силен печат работејќи со повеќе познати имиња од македонскиот ракомет, меѓу кои браќата Дејан и Мартин Манасков, Тоше Ончев, Ивица Илиев, Дарко Димитриевски, Филип Николов…

Овче Поле во следното коло од кадетската лига ќе гостува во Битола кај Еурофарм Пелистер 2.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT