Денеска со дербито меѓу Еурофарм Пелистер и Пролет започна 3. коло во кадетската машка лига. На дуелот во Битола, Пролет славеше со 28:27. Голот за победа на скопскиот тим го постигна кадетскиот репрезентативец Горазд Дамчевски, кој на петнаесетина секунди пред крајот реализираше од девет метри.
Домаќините имаа последен напад, но не успеаја да израмнат. Дамчевски беше најефикасен во победничкиот тим со осум погодоци, пет постигна Лука Јовиќ, а четири додаде Трајче Костов.
Кај Еурофарм Пелистер, прв стрелец беше Андреј Георгиев со седум погодоци.
Пролет останува на максимален учинок во досегашниот тек од сезоната, откако во првите две кола триумфираше против Македонија Ѓорче Петров и Преспа.
Кадетска машка лига, 3. коло, резултати:
Група А
27/09, 14:30, Мулти Есенс – Радовиш
27/09, 14:00, Текстилец – Илинден Вардар
28/09, 13:30, Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле
28/09, 16:00, Вардар – Младост Богданци
Група Б
Еурофарм Пелистер – Пролет 27:28 (12:15)
27/09, 16:00, Прилеп – Алкалоид
28/09, 19:00, Македонија Ѓорче Петров – Струга
30/09, 20:00, Охрид – Преспа