Кадетите на Илинден Вардар на гостувањето во Штип кај Текстилец триумфираа со 40:27 за прва сезонска победа во кадетската конкуренција.
Избраниците на Дарко Јанев до победата дојдоа со одличната игра во вториот дел, откако на полувреме имаа само еден позитива, 18:17.
Гостинскиот тим беше предводен од Никола Павловски со 14 и Милан Стојевски со 11 погодоци, додека кај домашниот табор се истакна Христијан Харизанов со седум реализации.
Кадетска машка лига, 3. коло, резултати:
Група А
Текстилец – Илинден Вардар 27:40 (18:17)
28/09, 14:30, Мулти Есенс – Радовиш
28/09, 13:30, Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле
28/09, 16:00, Вардар – Младост Богданци
Група Б
Еурофарм Пелистер – Пролет 27:28 (12:15)
Прилеп – Алкалоид 34:36 (16:18)
28/09, 19:00, Македонија Ѓорче Петров – Алкалоид
30/09, 20:00, Охрид – Преспа