Големиот талент Еџе Сејадин потпиша за ЖРК Стружанка

835

Една од ракометарките кои имаа забележителни партии во кадетската конкуренција во изминатата сезона, Еџе Сејадин, во продолжението од сезоната ќе настапува за прволигашот ЖРК Стружанка.

Младата ракометарка, која потекнува од школата на Младост Ресен, за првпат ќе добие шанса да се натпреварува на сениорско ниво, што претставува голем предизвик и можност за понатамошен напредок.

Левиот бек минатата сезона во кадетската лига на девет одиграни натпревари постигна вкупно 101 гол, со што беше една од најдобрите стрелци кај кадетките.

Освен за сениорскиот тим на Стружанка, Сејадин ќе настапува и за кадетскиот состав, па така ќе има шанса да стекнува искуство на два фронта и да го потврди својот талент и голем потенцијал.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT