Пионерите на Струга предводени од Војо Клењоски славеа во дербито против Еурофарм Пелистер со 21:19 во рамките од 2. коло од пионерската машка лига.
Стружани, кои во првото коло одиграа реми против Вардар, на полуврем водеа со 9:7, во вториот дел имаа и плус пет, а домаќините во финишот само го ублажија поразот.
Клењоски постигна осум погодоци за победничката екипа, четири имаше Давор Ферукоски, а трипати погоди Марко Танаскоски.
Во составот на Еурофарм Пелистер најефикасни беа Михаил Костевски и Марио Димитровски со по пет погодоци.
Бранителот на титулата, тимот на Охрид, имаше лесна задача на гостувањето кај Бутел Скопје и без многу проблеми дојде до убедлив триумф од 31:10.
Пионерска машка лига, 2. коло, резултати:
Група А
Еурофарм Пеистер – Струга 19:21 (7:9)
Мулти Есенс – Вардар 26:23 (12:12)
Бутел – Охрид 10:31 (7:13)
28/09, 16:00, Прилеп – Пролет
Група Б
Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 9:17 (7:9)
Шампион – Радовиш 6:21 (2:10)
Куманово – Македонија Ѓорче Петров 28:18 (14:7)
28/09, 18:30, Младост – Алкалоид