Египетскиот Замалек е еден од учесниците на годинешното издание на Светското клупско првенство, а по високиот пораз од Барселона (47-25), раководството на клубот донесе одлука за промена во стручниот штаб.
Досегашниот тренер Франк Морис веднаш по натпреварот бил известен дека е отпуштен, а управата веќе е во потрага по ново решение на клупата.
Французинот кормилото на Замалек го презеде во месец јули оваа година.