Бранителот на титулата во младинската лига, Мулти Есенс, дојде до втор сезонски триумф, откако на свој терен славеше над Еурофарм Пелистер со плус 19, 40:21.
Предводник во победничката екипа беше Христијан Гурмешевиќ со осум погодоци, а го следеше кадетскиот репрезентативец Бобан Поповски со шест погодоци. Кај битолчани прво име беше Андреј Георгиев со шест погодоци.
Вардар, кој во првото коло беше поразен од Куманово, успеа на свој терен да дојде до победа против Вардар Неготино, триумфирајќи со 20 гола разлика, 38:18. Најефикасни во победничкиот табор беа Иван Костовски и Огнен Тасевски со по пет погодоци, по четири имаа Матеј Тасевски, Максим Тодоровски, Ангел Мирчевски и Николче Нечовски.
Во тимот на Вардар Неготино се истакна Јован Јовановски со девет реализации. Еурофарм Пелистер 2 во Кавадарци ја продолжи победничката серија, триумфираше против Тиквеш со 32:24.
Алкалоид на гостувањето во Куманово кај истоимената екипа успеа да ги освои бодовите, односно да се израдува на прво славје.
Ракометарите на Алкалоид победија со 30:24, а предводник во победата на гостинскиот тим беше Виктор Панчевски, кој постигна седум погодоци, а голманот Димитар Гиевски имаше осум интервенции.
Кај Куманово, голманот Григор Трајковски бранеше одлично, собра 14 интервенции, Дарио Антевски им фати три топки на гостите, а во нападот Тино Стојановски беше прв стрелец со шест погодоци.
Машка младинска лига, 2. коло, резултати:
Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 40:21 (21:8)
Вардар – Вардар Неготино 38:18 (18:7)
Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 24:32
Куманово – Алкалоид 24:30 (11:15)
30/09, 19:30, Пролет – Бутел Скопје