Градското дерби кај младинците го доби Пролет

135

Во градското дерби кај младинците, ракометарите на Пролет на свој терен славеа против Бутел Скопје со 31:27 (14:14) за прв сезонски триумф.

Младинците на Пролет победата ја остварија со подобрата игра во завршните десет минути кога се одлепија на два-три гола разлика и до крајот одиржуваа резултатска рамнотежа.

Предводник во победата на Пролет беше Горазд Дамчевски со девет погодоци, по пет имаа Трајче Костов и Ѓорѓи Лешниковски. Во тимот на Бутел Скопје се истакнаа Марко Каевски со седум и Давид Јаневски со шест реализации.

Мулти Есенс и Еурофарм Пелистер 2 имаат „два од два“, односно по 4 бода, Вардар, Куманово, Пролет, Еурофарм Пелистер, Алкалоид и Тиквеш имаат по два, а Бутел Скопје и Вардар Неготино се без бодови.

 

Машка младинска лига, 2. коло, резултати:
Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 40:21 (21:8)
Вардар – Вардар Неготино 38:18 (18:7)
Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 24:32
Куманово – Алкалоид 24:30 (11:15)
Пролет – Бутел Скопје 31:27 (14:14)

 

Шампионот и Еурофарм Пелистер 2 со „два од два“ кај младинците

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT