По една сезона помината во Младост од Богданци, Андреј Шулевски се сели во Скопје и ќе го носи дресот на Аеродром.
Шулевски игра на позицијата пикер, минатата сезона беше дел од Младост Богданци, а пред тоа настапуваше за младинската екипа на Еурофарм Пелистер.
Се работи за млад, корпулентен, талентиран и висок играч (200 см), кој добро се снаоѓа и во напад и во одбрана, и ќе биде од големо значење за прволигашот.
Во Младост Богданци беше дел од клучната ротација, а со неговото доаѓање во Аеродром, тренерот Митко Стоилов ќе има поголем избор за понатамошниот тек на сезоната.
Аеродром овој викенд, во рамките на 4. коло од прволигашката конкуренција, ќе ги одмери силите со еден од претендентите за висок пласман – Мулти Есенс.