Денеска стартуваше 3. коло во машката младинска лига, а на победа на денешните одиграни натпревари се израдуваа екипите на Куманово и Мулти Есенс.
Куманово на гостувањето кај Вардар Неготино немаше многу проблеми да дојде до висока победа, триумфираше со 37:19 (18:8).
Победничката екипа беше предводена од Ангел Арсовски со осум погодоци, седум постигна Михаел Милановски, пет имаше Тино Стојановски, а четири додаде Христијан Вујичевски.
За Куманово ова беше втора сезонска победа, претходно тимот предводен од Христијан Димковски и Миодраг Јовановски загуби од Алкалоид, а во првото коло славеше над Вардар.
Најефикасен кај Вардар Неготино беше Јован Јовановски, кој имаше девет погодоци во гостинската мрежа.
На братското дерби во Автокоманда паднаа 75 гола, а на победа се радуваше актуелниот шампион, Мулти Есенс, кој триумфираше со 40:35.
Најефикасен во победничката екипа беше Јован Петрески со осум погодоци, шест имаше Марин Крстевски, а пет постигна Бобан Поповски. Кај Алкалоид се истакна Антонио Наковски со осум погодоци, два помалку имаше Андреј Ѓорѓиески.
Мулти Есенс останува со 100% учинок во досегашниот тек од сезоната.
Младинска машка лига, 3. коло, резултати:
Вардар Неготино – Куманово 19:37 (8:18)
Алкалоид – Мулти Есенс 35:40 (16:22)
05/10, 12:00, Еурофарм Пелистер 2 – Вардар
05/10, 15:00, Бутел Скопје – Тиквеш
07/10, 17:30, Еурофарм Пелистр – Пролет