Мирков и Кузевски блескаа – младите „лавови“ го изненадија Алкалоид

1.008

Во натпревар од 4. коло од кадетската машка лига, ракометарите на Македонија Ѓорче Петров приредија изненадување и славеа на гостувањето кај Алкалоид со 40:39.

Најголема заслуга за освоената победа имаа Кристијан Мирков и Никола Кузевски, кои постигнаа 12, односно 11 погодоци. Двакцата ракометари имаа поддршка и од Павел Нанчовски (6), Лука Зафировски (4), Јаков Атанасовски (3)…

Младите „лавови“ победата ја обезбедија во последната минута. При нерешени 38:38, погоди Јаков Атанасовски за 39:38, домаќините избрзаа, не успеаја да реализираат, Кузевски казни за важни два бода, а за Алкалоид немаше време за реакција и можност за бод на овој дуел.

Во редовите на домашниот табор се истакнаа Мартин Гарбески и Михаил Арсиќ, кои постигнаа по десет погодоци.

За Македонија Ѓорче Петров ова беше втор сезонски триумф, по оној над Струга во претходното коло.

Кадетска машка лига, 4. коло, резултати:

Група А
Радовиш – Младост Богданци 21:30 (9:18)
Илинден Вардар – Вардар 25:28 (12:12)
05/10, 19:00, Овче Поле – Текстилец
06/10, 16:00, Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2

Група Б
Алкалоид – Македонија Ѓорче Петров 39:40 (19:18)
Еурофарм Пелистер – Охрид 36:26 (17:12)
Пролет – Струга – одлож.
06/10, 18:30, Преспа – Прилеп 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT