Денеска се одиграа два натпревари од 3. коло во младинската лига, а до победи стигнаа екипите на Еурофарм Пелистер 2 и Бутел Скопје.
Битолчани на домашен терен немаа никакви проблеми против Вардар и триумфираа со убедливи 30:20, откако на полувреме водеа со 18:7.
Најрасположени во победничкиот табор беа Андреј Дамчевски со осум, Алдин Фехми со седум и Лука Ѓорѓиевски со пет погодоци. Кај Вардар, Иван Костовски беше најефикасен со шест реализации.
Еурофарм Пелистер 2 останува на 100 % учинок – во претходното коло го совлада Тиквеш, додека на стартот од сезоната славеше против Пролет.
Бутел Скопје, по двата порази во воведните кола од Мулти Есенс и Пролет, ја запиша својата прва сезонска победа, совладувајќи го Тиквеш со 38:32 (19:16).
Најдобар стрелец кај Бутел беше Марко Каевски со седум погодоци, шест постигна Стефан Зенговски, а по пет додадоа Давид Јаневски, Архангел Трсунов и Лука Лангоски.
Во редовите на гостите, Мики Лазов со девет и Матеј Петровски со осум погодоци беа најрасположени за игра.
Младинска машка лига, 3. коло, резултати:
Вардар Неготино – Куманово 19:37 (8:18)
Алкалоид – Мулти Есенс 35:40 (16:22)
Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 30:20 (18:7)
Бутел Скопје – Тиквеш 38:32 (19:16)
07/10, 17:30, Еурофарм Пелистер – Пролет