Пролет победнички си замина од Битола – две екипи перфектни по три одиграни кола во младинската лига

265

Со натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Пролет беше комплетирано 3. коло во младинската лига, а по три одиграни натпревари, две екипи се на максимален учинок – Еурофарм Пелистер 2 и актуелниот бранител на титулата, тимот на Мулти Есенс.

На денешниот дуел ракометарите на Пролет триумфираа со 31:27, а победата ја обезбедија со одлична игра во последните дваесетина минути. Гостите во првото полувреме постигнаа само 11 погодоци, но се разбудија кога беше најпотребно и успеаја од Битола да си заминат со два важни бода.

Најефикасен во победничкиот состав беше Горазд Дамчевски со осум погодоци, по шест постигнаа Лука Јовиќ и Димитар Симовски, а четири додаде Ѓорѓи Лешниковски.

Во редовите на поразениот тим се истакна Стефан Василевски со девет погодоци, додека Павел Велјановски реализираше шест пати.

Младинска машка лига, 3. коло, резултати:
Вардар Неготино – Куманово 19:37 (8:18)
Алкалоид – Мулти Есенс 35:40 (16:22)
Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 30:20 (18:7)
Бутел Скопје – Тиквеш 38:32 (19:16)
Еурофарм Пелистер – Пролет 27:31 (14:11)

 

Младинците на Еурофарм Пелистер 2 убедливи против Вардар, Бутел стигна до прво славје

 

 

Младинците на Куманово одиграа фуриозно во Неготино, братското дерби во Автокоманда го доби шампионот

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT