Андреј Петковски во одлична форма, повторно блескаше за прва победа на Азоти Пулави

135

Екипата на Азоти Пулави, во која настапува Андреј Петковски, во натпревар од 6. коло од најквалитетното полско натпреварување, на свој терен славеше над Пјотрковија со 30:29, а Македонецот повторно имаше свое шоу меѓу стативите.

Петковски беше меѓу најзаслужните за првата сезонска победа на тимот, бидејќи во последната, одлучувачка минута, им одбрани шут на гостите, по што Дмитро Артеменко го постигна победничкиот гол за голема радост на домашната публика.

Со одличните партии, Петковски станува сè поинтересен за полската ракометна јавност, а на стартот на сезоната беше и во конкуренција за МВП на колото.

Азоти Пулави во следното коло ќе игра против тимот на Квидзен.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT