Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија, Горан Кузманоски, го објави списокот на играчи за настап на турнирот „Трофеј Карпати“ во Романија.
На списокот кај Кузманоски партиципираат 17 ракометари, а поголемиот дел од нив играа на Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје (ЕМОФ).
Освен домаќинот Романија и Македонија, на турнирот ќе учествуваат и репрезентациите на Полска и Србија. Овие пријателски натпревари се дел од подготовките за квалификацискиот циклус за Европското кадетско првенство 2026.
Распоред и термини на оддигрување на натпреварите:
17/10, 16:00, Македонија – Полска
18/10, 16:00, Македонија – Романија
19/10, 10:00, Македонија – Србија
Собирот ќе се одржи на ден 14.10.2025 година (Вторник) во 19:00 часот во спортската сала Антон Димитров – Бутел.
Нашите кадети ќе бидат дел од квалификацискиот турнир што ќе се игра во Луксембург од 31 октомври до 2 ноември. Македонија за ривали, освен домаќинот, ги има уште Грција и Финска. Најдобрите две репрезентации ќе обезбедат пласман на Европското кадетско првенство.