Со натпреварот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Радовиш денеска започна 4. коло во пионерската лига во машка конкуренција.
Македонија Ѓорче Петров славеше со шест гола разлика (30:24), а за младите „лавови“ ова беше трета победа во сезоната.
Домаќините водеа во текот на целиот натпревар, а нерешено беше само на самиот почеток (1:1, 2:2). На полувреме домашниот тим имаше убедливо водство од 20:11, а во второто полувреме ритамот остана сличен.
Владимир Иванов со девет и Јаков Атанасовски со седум погодоци беа најзаслужни за победата на Македонија Ѓорче Петров, а поддршка добија од Димитар Трајковски и Нино Ристовски, кои постигнаа по четири гола.
Кај Радовиш најрасположен беше Благоја Митев со девет погодоци, еден помалку имаше Давид Ѓоргиев.
Пионерска машка лига, 4. коло, резултати:
Група А
11/10, 16:00, Бутел – Струга
12/10, 12:00, Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер
12/10, 14:30, Динг – Вардар
15/10, 20:00, Пролет – Охрид
Група Б
Македонија Ѓорче Петров – Радовиш 30:24 (20:11)
10/10, 20:30, Гемиџии – Младост Богданци
11/10, 14:00, Куманово – Еурофарм Пелистер 2
11/10, 18:00, Шампион- Алкалоид