Мулти Есенс лесно се справи со Текстилец за пет од пет во кадетската лига

203

Екипата на Мулти Есенс дојде до нов, петти триумф во кадетската лига, откако на гостувањето во Штип кај Текстилец триумфираше со 24 гола разлика, 44:20 (22:12).

Најефикасен во победничката екипа беше Матео Костоски со осум погодоци, по седум имаа Јован Јанковски и Јован Петрески, а пет додаде Матеј Бојаџиски.

Во поразениот табор се истакнаа Христијан Харизанов и Христијан Коцев со по шест погодоци, еден помалку имаше Петар Зафиров.

Мулти Есенс во следното, 6. коло, кое ќе биде на програмата по ЕХФ неделата, на свој терен ќе го пречека Вардар, кој утре игра со Овче Поле.

Кадетска машка лига, 5. коло, резултати:

Група А
Tекстилец – Мулти Есенс 20:44 (12:22)
12/10, 12:00, Еурофарм Пелистер 2 – Радовиш
12/10, 14:30, Вардар – Овче Поле
12/10, 18:00, Младост – Илинден Вардар

Група Б
Прилеп – Еурофарм Пелистер  28:38 (12:20)
Македонија Ѓорче Петров – Преспа – во тек.
12/10, 12:00, Струга – Алкалоид
12/10, 13:00, Охрид – Пролет

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT