Овче Поле Славјански Универзитет со четврта победа во низа – совладана и Деспина

494

Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет ја забележа четвртата победа во низа, триумфираше над Деспина со 33:21 во рамките од 5. коло во прволигашката конкуренција.

Со овој триумф, тимот предводен од Илија Бетувски и Илија Конев покажа дека има квалитет за висок пласман во Првата лига.

Изедначено беше до првата половина од пррвиот дел кога беше 6:6, потоа домаќинките влегоа во ритам, на пауза заминаа со предност од 14:9 и продолжија во исто темпо во вториот дел.

Најефикасна во победничката екипа беше Анастасија Сентовска со девет погодоци, по седум имаа Јована Конева и Елена Вучевска, а четири додаде Јована Ангеловска. На голот кај домаќинките Дона Маркоска се покажа во одлично светло.

Искусната Мери Гичева беше единствено расположена кај гостинскиот тим со девет погодоци.

Клубот од Свети Николе е слободен во 6. коло, додека во 7. коло гостува кај фаворитот за првото место – Атлетик.

Прва женска лига, 5. коло, резултати:
Овче Поле Славјански Универзитет – Деспина 33:21 (14:9)
Ѓорче Петров – Стружанка 45:18 (25:8)
Атлетик – Шампион 41:9 (19:4)
Јехона слободна

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT