Трајановски одличен на голот, кадетите на Вардар остануваат на максимум

211

Кадетите на Вардар продолжуваат без пораз во кадетската лига. Денеска на свој терен ја забележаа петтата победа во новата сезона, совладувајќи го Овче Поле со 11 гола разлика, 35:24 (19:11).

Домаќините одиграа одлично во двете полувремиња, а во нападот беа предводени од  Филип Велковски со шест и Давор Мечкароски со пет погодоци. На голот, Алекс Трајановски се покажа одлично, завршувајќи го натпреварот со 14 интервенции, додека Димитар Пецев имаше седум одбранети удари.

Кај Овче Поле се истакна Теофил Јанев, кој беше и најефикасен на натпреварот со десет погодоци.

Во следното, 6. коло, Вардар го очекува дерби дуел со Мулти Есенс – екипа која, исто како и „црвено-црните“, сè уште не доживеала пораз во сезоната.

Кадетска машка лига, 5. коло, резултати:

Група А
Tекстилец – Мулти Есенс 20:44 (12:22)
Еурофарм Пелистер 2 – Радовиш 32:19 (19:9)
Вардар – Овче Поле 35:24 (19:11)
12/10, 18:00, Младост – Илинден Вардар

Група Б
Прилеп – Еурофарм Пелистер  28:38 (12:20)
Македонија Ѓорче Петров – Преспа 33:33 (15:14)
Струга – Алкалоид 28:26 (12:13)
Охрид – Пролет 28:40 (15:21)

Клењоски и Ѓорговски ефикасни, Пејоски одличен на голот – Струга преку Алкалоид до прва радост во кадетската лига

 

Гол шоу на Андреј Георгиев, пелистерци без проблеми во Прилеп

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT