Јехона пред својата публика славеше против Македонија Ѓорче Петров, Мулти Есенс убедлив во Кичево

294

Екипата на Јехона на свој терен приреди изненадување, триумфираше против Македонија Ѓорче Петров со 25:22 (11:11) за трета победа во новата сезона.

Предводници во победничката екипа беа Мојсие Тасески и Адис Салиу, двајцата имаа по осум погодоци, додека кај Македонија Ѓорче Петров најрасположен беше Бојан Чакалиќ со десет погодоци.

Јехона во следното коло ќе гостува во Свети Николе кај Овче Поле и ќе се обиде да дојде до нова победа. Македонија Ѓорче Петров втората победа ќе ја бара на дуелот со Текстилец, кој денеска го изненади Вардар Неготино.

Мулти Есенс продолжува победнички, на гостувањето кај Кичево со фуриозен втор дел дојде до убедлива победа од 39:21.

Кадетскиот репрезентативец Бобан Поповски беше прв стрелец во гостинската екипа, постигна девет погодоци, осум беа од игра, а кај Кичево се истакна Стефан Стефаноски со шест погодоци.

Прва машка лига, 5. коло, резултати:
Младост – Овче Поле 46:29 (23:13)
Текстилец – Вардар Неготино 35:33 (18:13)
Драчево Јуниор – Партизан 53:26 (26:13)
Аеродром – Преспа 33:25 (17:11)
Кичево – Мулти Есенс 21:39 (7:12)
Јехона – Македонија Ѓорче Петров 25:22 (11:11)
Шампион слободен

ТАБЕЛА

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT