Кадетките на Вардар славеа убедливо против Деспина со 52:20 во натпревар од 2. коло од кадетската лига.
Драгана Тодоровска беше најефикасна на натпреварот со десет погодоци, а по осум имаа Мила Ристовска и Мила Николоска.
Кај Деспина прв стрелец беше Анастасија Јованоска, која зад своето име запиша девет погодоци, осум од нив беа од игра.
Покрај Вардар, на убедлива победа се радуваше и Металург Автокоманда. Тимот предводен од Мери Арсениевска и Сара Стефановска славеше над Овче Поле Славјански Универзитет со 46:14.
За Металург Автокоманда ова беше првиот сезонски натпревар, бидејќи во рамките од 1. коло тимот беше слободен.
Сара Ристовска беше прв стрелец во победничката екипа со девет погодоци, а кај гостинскиот тим тоа беше Матеа Наковска со четири реализации.
Кадетска женска лига, 2. коло, резултати:
Вардар – Деспина 52:20 (29:7)
Металург Автокоманда – Овче Поле Славјански Универзитет 46:14 (20:5)
Гевгелија Југ и Стружанка слободни.