Почна новото коло кај пионерите: Ѓорѓиев со 13 гола го предводеше Тиквеш до победа во Богданци

320

Со натпреварот меѓу Младост Богданци и Тиквеш започна новото, 5. коло во пионерскатата машка лига.

Ракометарите на Тиквеш успеаја да бидат подобри на овој натпревар, триумфираа со 23:19 (12:11).

Предводник во победничката екипа беше Марио Ѓорѓиев, кој постигна 13 погодоци, осум од нив беа од игра, додека Зоран Букулов имаше седум реализации. Најефикасен во домашниот тим беше Лула Лукиќ со седум погодоци, а два помалку (5) имаше Матеј Митев.

Победа забележа и Вардар, кој многу лесно стигна до убедлива победа над Бутел од 29:9 (15:3). Победничката екипа беше предводена од Никола Никчевиќ со шест погодоци, додека кај гостите се истакна Филип Милошевски со седум погодоци.

Пионерска машка лига, 5. коло, резултати:

Група А
Вардар – Бутел Скопје 29:9 (15:3)
18/10, 11:30, Струга – Прилеп
18/10, 12:00, Охрид – Мулти Есенс
19/10, 12:00, Еурофарм Пелистер – Динг
Пролет – слоб.

Група Б
Младост Богданци – Тиквеш 19:23 (11:12)
18/10, 12:00, Радовиш – Гемиџии
18/10, 12:30, Алкалоид – Куманово
Еурофарм Пелистер 2 – Македонија Ѓорче Петров
Шампион – слоб.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT