Пионерите на Струга во натпревар од 5. коло од пионерската лига славеа на свој терен против Прилеп со 21:19 (12:8), со што ја продолжија победничката серија и стигнаа до четвртата победа во низа.
Стружани во првото коло одиграа реми со Вардар, па засега немаат загубен натпревар. Предводник во победничката екипа беше Војо Клењоски со осум погодоци, а Давор Ферукоски додаде шест. Кај Прилеп, деветте голови на Бојан Наскоски беа премалку за барем бод на гостинскиот состав, кој во досегашниот тек на сезоната има само еден триумф.
Струга, позната по континуираното вложување во младинските категории, уште еднаш докажува дека има ракометна иднина.
Пионерска машка лига, 5. коло, резултати:
Група А
Вардар – Бутел Скопје 29:9 (15:3)
Струга – Прилеп 21:19 (12:8)
Охрид – Мулти Есенс 18:16 (9:8)
19/10, 12:00, Еурофарм Пелистер – Динг
Пролет – слоб.
Група Б
Младост Богданци – Тиквеш 19:23 (11:12)
Радовиш – Гемиџии 26:26 (9:12)
Алкалоид – Куманово 22:15 (11:7)
19/10, 12:30, Еурофарм Пелистер 2 – Македонија Ѓорче Петров
Шампион слоб.