Димчевски броеше до 14, Овче Поле славеше над Јехона

368

Екипата на Овче Поле, предводена од Иван Димчевски, славеше против незгодната Јехона со 39:32 (17:15) во натпревар од 6. коло од прволигашката конкуренција.

Димчевски натпреварот го заврши како најефикасен со 14 погодоци, осум додаде Илија Димов, додека на спротивната страна Адис Салиу постигна 12, а Бојан Давидоски и Мојсе Тасески имаа по седум реализации.

Во последните 3-4 минути, беа доделени дури пет црвени картони за гостинскиот тим (Јован Трпески, Адис Салиу, Мојсе Тасески, Стефан Маринкоски и Давид Ќиров.

Тасески и Маринкоски заработија црвен картон поради вербална расправа со публиката, Салиу поради трите исклучувања, голманот Трпески мораше да го напушти теренот откако направи старт во контранапад на еден од противничките ракометари, а Ќиров црвениот картон го заработи на десетина секунди пред крајот.

Последните минути од натпреварот, како и турканицата што се случи по неговиот крај, можете да ги погледнете на видеото во продолжение…

Клубот од Свети Николе сега има три победи, односно шест бода, додека Јехона останува со ист биланс – три победи.

Во следното, 7. коло, Овче Поле ќе гостува во Штип кај Текстилец, додека Јехона на свој терен ќе го пречека Кичево.

Прва машка лига, 6. коло, резултати:
Мулти Есенс – Преспа 44:24 (20:13)
Кичево – Младост 13:57 (5:27)
Вардар Неготино – Драчево Јуниор 25:23 (11:13)
Овче Поле – Јехона 39:32 (17:15)
19/10, 20:00, Македонија Ѓорче Петров – Текстилец
20/10, 19:30, Партизан – Шампион
Аеродром слоб.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT