Шампион и Спартак со први победи во пионерската лига, Ѓорче Петров загуби во Автокоманда

97

Денеска беа одиграни натпреварите од 5. коло во пионерската лига во женска конкуренција, а на победи се радуваа екипите на Шампион, Струга, Астибо, Спартак, Металург Автокоманда и Вардар.

Тимот на Шампион на гостувањето во Охрид стигна до првата сезонска победа, триумфирајќи со 14:7. Најефикасна во победничката екипа беше Христина Трајанова со шест погодоци, а кај поразените се истакна Исидора Маџар со четири погодоци.

По освоениот бод во минатото коло против Шампион, тимот на Спартак славеше над Кале Кичево со 17:14 за прв сезонски триумф. Катарина Ракиќ повторно одигра одлично за Спартак и постигна 11 погодоци, додека кај гостинскиот тим најефикасна беше Марија Симјаноска со пет реализации.

Металург Автокоманда му го нанесе првиот пораз на актуелниот шампион Ѓорче Петров, триумфирајќи со 22:20. Кај домаќинките одлично одиграа Ана Стојанова и Лана Алтанова, двете постигнаа по седум погодоци, а кај гостинскиот тим најефикасни беа Клара Филановски со осум и Деспина Станковска со шест погодоци.

Астибо предводен од Мелани Неделкова (9 погодоци), пред својата публика славеше над Јехона со пет гола разлика, 20:15. 6-те погодоци на Монера Муслију беа премалку за барем бод на гостинската екипа.

Струга на гостувањето кај Илинден Вардар триумфираше со 15:10, а најефикасна во победничката екипа беше Калина Симоноска со шест погодоци, четири додаде Елена Ѓонеска. Кај Илинден Вардар отскочна Јана Миленовска со осум погодоци.

Вардарки предводени од Варвара Атанасовска (шест погодоци, пет од игра) славеа над Чаир со 19:13, иако домаќинот имаше плус два на полувреме. Лира Јусуф со пет погодоци беше најефикасна во поразениот табор.

Женска пионерска  лига, 5. коло, резултати:
Астибо – Јехона 20:15 (8:4)
Илинден Вардар – Струга 10:15 (3:10)
Охрид – Шампион 7:14 (4:8)
Спартак – Кале Кичево 17:12 (12:5)
Металург Автокоманда – Ѓорче Петров 22:20
Чаир – Вардар 13:19 (8:6)

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT