По поразите од Јехона и Младост Богданци, тимот на Македонија Ѓорче Петров им се врати на победите во прволигашката конкуренција, совладувајќи го Текстилец со 28:23 (11:11).
Гостите од Штип се држеа рамноправно до 35-та минута, по што домашниот тим заигра поангажирано, создаде неколку голови предност и успешно ја одржа стекнатата разлика до самиот крај.
Најефикасен во победничкиот состав беше Дарко Рангелов со шест погодоци, додека Михаел Тотиќ и Лука Лешникоски постигнаа по пет. Кај гостите од Штип се истакнаа Александар Јовановски и Јован Атанасовски со по пет погодоци.
Текстилец, кој минатиот викенд изненадувачки славеше над Вардар Неготино, во следното коло ќе се сретне со Овче Поле, додека Македонија Ѓорче Петров ја очекува дербито со Драчево Јуниор.
Прва машка лига, 6. коло, резултати:
Мулти Есенс – Преспа 44:24 (20:13)
Кичево – Младост 13:57 (5:27)
Вардар Неготино – Драчево Јуниор 25:23 (11:13)
Овче Поле – Јехона 39:32 (17:15)
Македонија Ѓорче Петров – Текстилец 28:23 (11:11)
20/10, 19:30, Партизан – Шампион
Аеродром слоб.