Младиот голман од Македонија, Даниел Мишовски, кој го носи дресот на Марибор, имаше успешен настап во 6. коло од младинскиот шампионат на Словенија.
Марибор за противник ја имаше екипата на Драва Птуј и успеа да триумфира со шест гола разлика, 31:25 (16:12).
Голема заслуга за победата оди токму на сметката на нашиот голман. Мишовски бранеше 45 минути, се претстави во добро светло и го заврши натпреварот со 11 одбранети удари.