Овче Поле го комплетираше ростерот – потпиша Андреј Данилов

56

Амбициозниот тим на КК Овче Поле продолжува со засилувањата за новата сезона. На тимот му се приклучува Андреј Данилов, кошаркар роден во 2000 година, висок 201 сантиметар, кој ќе донесе дополнителна сила и искуство под обрачите.

Данилов е играч со богато прволигашко и интернационално искуство, настапувајќи за екипите на Феникс, Ангели, Чаир, Шкупи, како и за италијанската Молфета.

Со неговото доаѓање, клубот го заокружува ростерот со уште еден квалитетен кошаркар подготвен да придонесе кон целите на тимот во претстојната сезона.

Овче Поле во оваа сезона ќе настапува во Првата лига. Клубот од Свети Николе вечерва во Кавадарци кај Спортисимо ќе го одигра првиот сезонски натпревар.

 

КК Овче Поле не се шегува: Донесе Американец и направи конкурентен тим за Првата лига

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT