Битолчанецот Благој Печалов дебитираше на клупата на Мега Баскет (Прилеп) со победа, во првото коло од Групата А во Првата кошаркарска лига на Македонија.
Во возбудлив натпревар одигран во салата на ООУ „Добре Јованоски“, прилепскиот тим го совлада Црн Дрим од Струга со резултат 86:80.
Печалов беше дел од стручниот штаб на првата македонска кошаркарска репрезентација во 1993 година, тогаш како помошник на селекторот Александар Књазев, а исто така беше член на стручниот тим и во 1999 година, кога Македонија за првпат настапи на Европското првенство во Франција.
Со тоа, Печалов останува впишан како сведок и учесник во двата најважни почетоци на нашата репрезентативна историја.
Што се однесува до најдобрите на натпреварот, во преден поентерски план излегоа Влади Враниќ со 21 поен, Александар Јовановски со 17 и Блажо Митков со 15. Двоцифрен број на поени постигнаа и Христијан Радически (12) и Даниел Балоски (10).
Сличен ефективен пристап имаше и стружани, пред се во офанзивниот дел, каде Камиловски дојде до 21 поен, Сашо Костоски постигна 14, Узуноски 12, додека Шабани и Бојоски имаа по 10 поени.