Младинскиот тим на Еурофарм Пелистер славеше над Вардар, „двојката“ убедлива против Куманово

84

Со натпреварите меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар, односно Еурофарм Пелистер 2 и Куманово, беше комплетирано 5. коло во младинската машка лига, а по пет одиграни натпревари, Еурофарм Пелистер 2 и Мулти Есенс остануваат непоразени.

Еурофарм Пелистер славеше против Вардар со 35:32, а до победата дојде откако заигра подобро во вториот дел, бидејќи на полувреме „црвено-црните“ водеа со плус три, 16:13.

Победничката екипа беше предводена од Стефан Василевски со девет погодоци, седум постигна Андреј Георгиев, а шест додаде Јован Симоновски.

Кај поразениот табор се истакнаа Огнен Тасевски со девет и Иван Костовски со осум погодоци.

Еурофарм Пелистер 2, исто така во спортската сала „Боро Чурлевски“, славеше против Куманово со 37:27 (19:14)

Домаќините беа предводени од Иван Велески и Андреј Дамчевски, двајцата имаа по девет погодоци, а кај Куманово прво име беше Христијан Вујичевски со седум погодоци, еден помалку (6) имаше Мартин Иванов.

Машка младинска лига, 5. коло, резултати:
Алкалоид – Тиквeш 43:33 (19:16)
Бутел – Вардар Неготино 52:26 (24:10)
Еурофарм Пелистер – Вардар 35:32 (13:16)
Еурофарм Пелистер 2 – Куманово 37:27 (19:14)

Следното 6. коло е на програмата на 25 и 26 октомври.

 

Поповски даде 11 гола, младинскиот шампион со нова победа

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT