Голманска бомба во најавa – Портнер доаѓа во Вардар!?

118

Според пишувањата на Gol.mk, македонскиот вицепрвак Вардар е во преговори со еден од најдобрите голмани – Никола Портнер, кој во август оваа година беше суспендиран поради допинг.

Поради суспензијата на Портнер, европскиот првак Магдебург веднаш се активираше на трансфер пазарот и реши да го ангажира Матеј Мандиќ од Загреб. Портнер на терените ќе се врати во вториот дел од сезоната, а поради големата конкуренција во екипата, шансите да го напушти Магдебург се големи.

Дали Портнер ќе се реши да дојде во редовите на „црвено-црните“, останува да видиме, а како што пренесува „Спорт Билд“, Швајцарецот на своја адреса има повеќе понуди, најмногу од бундеслигашки клубови.

Вардар во моментов на располагање има тројца голмани – Милош Валах, Димитар Гогов и Марко Богдановски, додека искусниот Мигел Еспиња е на пауза поради операција.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT