ГОГ го посакува Мануел Зендер!

93

Еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во групната фаза од Лигата на шампионите, ГОГ, кој славеше на првата пресметка против пелистерци, би можел во следната сезона да биде посилен со репрезентативецот на Швајцарија, Мануел Зендер.

Според пишувањата на„Ригтеборс“, средниот бек на Магдебург е на мета на данскиот клуб, па доколку се остварат шпекулациите, ГОГ би добил големо засилување.

Зендер во сезона 2023/24 беше најдобар стрелец во Бундес лигата, а неговите одлични партии во дресот на Ерланген му овозможија трансфер во актуелниот европски шампион.

Во февруари 2025 година ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено, па останува да се види дали до крајот на годината ќе се врати на ракометните терени.

Договорот на Зендер со Магдебург има важност до крајот на тековната сезона.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT