Павловски броеше до 15, Илинден Вардар убедлив во Радовиш

250

Кадетската екипа на Илинден Вардар предводена од Никола Павловски славеше убедливо на гостувањето кај Радовиш со 20 гола разлика, 38:18 (19:9) во натпревар од 6. коло од кадетската лига.

Илинден Вардар сега има три победи на свое конто, односно шест бода, додека Радовиш во досегашниот тек од натпреварувачката сезона нема освоено бод.

Никола Павловски беше незадржлив на теренот и натпреварот го заврши со 15 погодоци, сите беа од игра, шест имаше Дамјан Ивановски, а Милан Стојевски и Милан Серафимовски имаа по четири реализации.

Во домашниот табор се истакна Александар Ѓоргиев, кој зад своето име запиша седум погодоци.

Кадетска машка лига, 6. коло, резултати:

Група А
Радовиш – Илинден Вардар 18:38 (9:19)
26/10, 12:00, Мулти Есенс – Вардар
27/10, 17:30, Еурофарм Пелистер 2 – Текстилец
27/10, 18:00, Овче Поле – Младост

Група Б
Пролет – Алкалоид 39:27
25/10, 17:30, Охрид – Прилеп
26/10, 12:00, Преспа – Струга
26/10, 12:00, Еурофарм Пелистер – Македонија Ѓорче Петров

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT