Деветка за Петрушевски, Мулти Есенс стигна до петти триумф кај пионерите

124

Пионерите на Мулти Есенс во натпревар од 6. коло од пионерската лига славеа против Динг со 27:23, а до победата дојдоа со подобра игра во вториот дел.

Мулти Есенс има остварено пет победи и загубедно еднаш, додека Динг има забележано само една победа, онаа во претходното коло против Еурофарм Пелистер.

Предводник во победата на домаќините беше Горјан Петрушевски со девет погодоци, Лео Андовски постигна шест, а Христијан Ангеловски пет.

Во составот на Динг, најефикасни беа Петар Дуноски со девет и Горазд Ојлески со осум погодоци.

Пионерска машка лига, 6. коло, резултати:

Група А
Мулти Есенс – Динг 27:23 (11:10)
Пролет – Струга 22:23 (10:11)
26/10, 13:00, Бутел – Еурофарм Пелистер
26/10, 16:00, Прилеп – Вардар
Охрид слоб.

Група Б
Гемиции – Тиквеш 18:20 (7:11)
Шампион – Младост 10:37 (2:21)
Македонија Ѓорче Петров – Алкалоид 21:32 (8:16)
26/10, 18:00, Радовиш – Еурофарм Пелистер 2
Куманово слоб.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT