Пионерскиот тим на Тиквеш во 6. коло дојде до третата сезонска победа, откако на гостувањето во Велес кај Гемиџии славеше со 20:18.
Тиквеш по пет одиграни натпревари има остварено три победи и на своето конто има шест бода, додека новакот на ракометната мапа во Македонија има освоено само еден бод.
Кавадарчани беа во предност во најголемиот дел од натпреварот, на полувреме водеа со 11:7, а домашниот тим се закани во финишот, но немаше доволно време за да стигне барем до бод.
Членот на Тиквеш, Марио Ѓорѓиев повторно блесна со 13 погодоци, исто како и во претходното коло против Младост Богданци. И во Богданци имаше 13 успешни удари.
Кај домаќините, Андреј Јакимовски постигна шест погодоци, а Бојан Мартинов беше втор стрелец со пет реализации.
Пионерска машка лига, 6. коло, резултати:
Група А
Мулти Есенс – Динг 27:23 (11:10)
Пролет – Струга 22:23 (10:11)
26/10, 13:00, Бутел – Еурофарм Пелистер
26/10, 16:00, Прилеп – Вардар
Охрид слоб.
Група Б
Гемиции – Тиквеш 18:20 (7:11)
Шампион – Младост 10:37 (2:21)
Македонија Ѓорче Петров – Алкалоид 21:32 (8:16)
26/10, 18:00, Радовиш – Еурофарм Пелистер 2
Куманово слоб.
Деветка за Петрушевски, Мулти Есенс стигна до петти триумф кај пионерите