Младост го доби прволигашкото дерби против Мулти Есенс и останува на максимум

458

Екипата на Младост славеше во прволигашкото дерби против Мулти Есенс со 31:30 (16:15), и тимот од Богданци засега останува перфектен.

Во натпревар во кој двете екипи имаа свои моменти, избраниците на Горан Андоновски победата ја обезбедија со одличната игра во последните десет минути.

На голот, Кристијан Костадиновски имаше неколку клучни интервенции, а гостите во последните осум минути заостануваа два до три гола, па немаа многу време да направат нешто повеќе.

Иако Поповски од контра намали на 30:29, искусниот Адамовиќ на дваесетина секунди пред крајот стрелаше за 31:29, а тоа значеше крај на сите надежи за гостите.

Наскоро поопширно…

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT