Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше деби од соништата во дресот на својот нов клуб – Олимпија Милано. Популарниот Нено и Олимпија Милано ја совладаа Венеција со 73:62 во натпревар од полуфиналето од Супер Купот во Италија. Димитријевиќ повторно беше во одличен елемент и полуфиналниот натпревар го заврши со 14 поени. Димитријевиќ уште во подготвителниот период покажа дека ќе биде големо засилување за италијанскиот шампион.
Во денешното финале, тимот на Димитријевиќ ќе се соочи со Виртус. Финалниот натпревар од Супер Купот во Италија е закажан за 18:00 часот. Олимпија Милано во досегашната историја има освоени пет трофеи во ова натпреварување.