Георгиев незадржлив – постигна 18 гола против Македонија Ѓорче Петров

167

Кадетите на Еурофарм Пелистер на свој терен, во натпревар од 6. коло, славеа над Македонија Ѓорче Петров со 46:26 и се израдуваа на петтата сезонска победа.

Еурофарм Пелистер досега има загубено само еднаш и со пет победи на свое конто има десет бода.

На денешниот натпревар во спортската сала „Боро Чурлевски“ свое шоу имаше Андреј Георгиев, кој речиси сам ги совлада гостите, постигна дури 18 погодоци, сите од игра.

Георгиев, покрај одличните партии во кадетска конкуренција, прикажува солидни изданија и во младинската лига.

Најефикасен кај Македонија Ѓорче Петров беше Никола Кузевски со девет погодоци, а шест додаде Кристијан Мирков.

Кадетска машка лига, 6. коло, резултати:

Група А
Радовиш – Илинден Вардар 18:38 (9:19)
Мулти Есенс – Вардар 35:26 (18:16)
27/10, 17:30, Еурофарм Пелистер 2 – Текстилец
27/10, 18:00, Овче Поле – Младост

Група Б
Пролет – Алкалоид 39:27
Охрид – Прилеп 32:32 (15:14)
Еурофарм Пелистер – Македонија Ѓорче Петров 46:26 (25:13)
26/10, 18:00, Преспа – Струга

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT