Кадетките на Овче Поле Славјански Универзитет славеа против Гевгелија Југ

96

Кадетската екипа на Овче Поле Славјански Универзитет во 3. коло од кадетската лига славеше против Гевгелија Југ со 19:15 и дојде до нови бодови.

Избраничките на тренерот Бетувски на полувреме водеа со 9:5, а во вториот дел не дозволија противничкиот тим резултатски да се доближи.

Најефикасна во победничкиот состав беше Тијара Темелковска со осум погодоци, Нина Крстева постигна пет, а Мелита Петрова заврши со три реализации.

Кај Гевгелија Југ, Симона Динева со пет погодоци ја предводеше листата на стрелците.

Клубот од Свети Николе во првото коло службено го доби натпреварот против Стружанка (10:0), додека во второто беше поразен од Металург Автокоманда.

Кадетска женска лига, 3. коло, резултати:
Овче Поле Славјански Универзитет – Гевгелија Југ 19:15 (9:5)
Деспина – Стружанка 28:22 (15:11)
Металург Автокоманда и Вардар слободни

ТАБЕЛА

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT