Кадетскиот тим на Еурофарм Пелистер 2 предводен од десното крило Андреј Дамчевски славеше против Текстилец со 35:28 и дојде до петта победа во новата натпреварувачка сезона, со што битолчани сега имаат 10 бода, исто колку и Вардар, додека лидер во групата А е Мулти Есенс.
Домаќините веќе на полувреме имаа предност од 20:11 и јасно беше дека вториот дел ќе биде само формалност и шанса за останатите ракометари од клупата.
Дамчевски натпреварот го заврши со десет погодоци, а кај тимот од Штип се истакаа Мартин Стефанов и Христијан Харизанов со по пет погодоци.
Кадетска машка лига, 6. коло, резултати:
Група А
Радовиш – Илинден Вардар 18:38 (9:19)
Мулти Есенс – Вардар 35:26 (18:16)
Еурофарм Пелистер 2 – Текстилец 35:28 (20:11)
Овче Поле – Младост 22:28 (13:13)
Група Б
Пролет – Алкалоид 39:27
Охрид – Прилеп 32:32 (15:14)
Еурофарм Пелистер – Македонија Ѓорче Петров 46:26 (25:13)
Преспа – Струга 28:18 (13:9)
ТАБЕЛА

Прва победа за кадетите на Преспа, Мулти Есенс славеше во градскиот дуел со Вардар
Георгиев незадржлив – постигна 18 гола против Македонија Ѓорче Петров
Драма кај кадетите: Тодороски со гол во последните секунди му донесе голем бод на Прилеп