Три од три за Младост: пионерите, кадетите и сениорите победнички!

По победата на пионерите против Шампион, како и триумфот на сениорите против Мулти Есенс, кадетите на Младост денеска славеа на гостувањето во Свети Николе кај Овче Поле.

127

Со натпреварот меѓу Овче Поле и Младост Богданци вечерва беше комплетирано 6. коло во кадетската лига во машка конкуренција.

Гостите од Богданци славеа со 28:22 и ја запишаа третата сезонска, со што значително ги зголемија шансите за пласман во ТОП 4.

Иако домаќините подобро го отворија натпреварот, гостите успеаја да се вратат и на полувреме резултатот беше нерешен, 13:13.

Во второто полувреме, Младост одигра далеку подобро, целосно го надигра противникот и заслужено се израдува на нова победа.

Методи Младеновски беше најефикасен во победничката екипа, постигна седум погодоци, пет имаше Мартин Стојановски, а по четири пати погодоија Лука Лукиќ и Матеј Митев.

Кај домаќините најдобар беше Давид Ристов со пет погодоци, еден помалку (4) имаше Теофил Јанев.

Лидер во групата Б останува Пролет, додека бранителот на титулата Еурофарм Пелистер има биланс од пет победи и еден пораз.

Кадетска машка лига, 6. коло, резултати:

Група А
Радовиш – Илинден Вардар 18:38 (9:19)
Мулти Есенс – Вардар 35:26 (18:16)
Еурофарм Пелистер 2 – Текстилец 35:28 (20:11)
Овче Поле – Младост

Група Б
Пролет – Алкалоид 39:27
Охрид – Прилеп 32:32 (15:14)
Еурофарм Пелистер – Македонија Ѓорче Петров 46:26 (25:13)
Преспа – Струга 28:18 (13:9)

ТАБЕЛА

 

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT