Вардар во преговори со искусен голман

117

Словенечкиот репрезентативец Клемен Ферлин би можел да се пресели во редовите на македонскиот вицепрвак Вардар, пренесува „RTHandball“.

Голманот на Келце, според истиот извор, бил во преговори со Вардар и со Фуксе Берлин за можен трансфер од следната сезона. Дали шпекулациите ќе се остварат и Ферлин ќе го облече дресот на еден од двата клуба, останува да видиме.

Ферлин со Келце има договор до лето, но најверојатно тој нема да биде продолжен.

Пред извесен период, како потенцијално ново засилување на „црвено-црните“ беше споменуван и швајцарскиот репрезентативец Николас Портнер.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT