Кадетите утре ја започнуваат борбата за пласман на ЕП 2026

138

Машката кадетска репрезентација на Македонија утре ќе ги започне квалификациите за пласман на Европското кадетско првенство 2026, кое ќе се одржи во соседна Србија.

Домаќин на квалификациската група Д ќе биде Луксембург, а освен домаќинот и Македонија, во групата ќе учествуваат уште Финска (прв ривал во квалификациите) и нашиот јужен сосед, репрезентација против која ќе играме в сабота.

Најдобрите две репрезентации ќе обезбедат пласман на Европското кадетско првенство, а селекторот Горан Кузманоски за квалификацискиот циклус ќе смета на 18 ракометари кои доаѓаат од домашните клубови.

Нашите кадети имаа добри подготовки – настапија на турнирот „Марко Божиновски“ во Скопје, играа на ЕМОФ, одиграа неколку контролни дуели против домашни клубови и учествуваа на силниот турнир „Трофеј Карпати“ во Романија.

Македонија утре ќе игра против Финска (31 октомври, во 16:00 часот), на 1 ноември против Грција (во 14:30 часот), додека во последното коло од квалификациската група Д ќе се сретне со Луксембург (на 2 ноември, во 15:30 часот).

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT