Игра и инспирира: Василева започна тренерска кариера во БиХ

282

Македонската интернационалка Симона Василева оваа сезона се врати во Босна и Херцеговина, поточно во тимот на Груде, клуб каде што ја започна својата интернационална кариера.

По успешниот период во грчкиот Атинаикос, со кој ја освои титулата во тамошната Прва лига, Василева повторно го облече дресот на босанскиот суперлигаш.

Во новата сезона таа има двојна улога во Груде, работи и како тренер во младинските категории на клубот, што претставува нова страница и предизвик во нејзината кариера.

На домашната сцена, Василева настапуваше за екипите на Ѓорче Петров, Вардар, Спартак и Металург. Со Ѓорче Петров освои две шампионски титули во сезоните 2021/22 и 2022/23.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT