Екс пелистерецот Табоада дебитираше за Холандија

66

Поранешниот член на Еурофарм Пелистер, Реине Табоада, дебитираше за репрезентацијата на Холандија во рамките од Златната лига против Фарски Острови.

Кубанецот пред неколку месеци доби холандски пасош (неговата сопруга е Холанѓанка), па „лалињата“ ќе можат да сметаат на него и за ЕП 2026.

По заминувањето од Еурофарм Пелистер, Табоада се пресели во Данска, каде имаше одлични настапи за Фредериција.

За оваа сезона за него покажаа интерес неколку големи клубови, меѓу кои ПСЖ и Кил. Сепак, искусниот ракометар одлучи да потпише со Бенфика.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT